Компанијата Microsoft го смести својот центар за податоци на дното на морето во Шкотска.
Целта на Microsoft е да провери дали податочниот центар може да штеди енергија благодарение на ладењето во морето. Податочните центри инаку создаваат многу топлина, а големите провајдери пробуваат да ги преместат во земјите со постудена клима за да се намалат трошоците. Microsoft експериментира со податочните центри под површината на морето веќе пет години, а претходно еден беше спуштен во морето во Калифорнија во 2015. година, каде што остана пет месеци.
Новиот подводен податочен центар ќе остане под вода пет години, а поседува 864 сервери и 27,6 PB memorija. Тоа е доволно меморија за сместување на 5 милиони филмови, а податочниот центар е силен како илјадници врвни компјутери. Го напојуваат подводен кабел и обновлива енергија од Оркансите острови. ИОстиот кабел ги поврзува серверите во интернет.
Во Microsoft се надеваат дека истражувачкиот проект наречен Natick ќе покаже дали ова решение може да се применува ширум светот.