Смартфоните станаа нашите најдобри пријатели. Секогаш се тука за нас, ги содржат сите информации за нас и за светот околу нас и ни се достапни во секое време, ии барем додека не се истроши батеријата.
Дали сте знаеле дека нашиот „животен сопатник“’ има 18 пати повеќе бактерии од рачката за пуштање вода во тоалет? Ова се само дел од занимливостите за мобилните телефони што повеќето луѓе не ги знаат.
* Мислите дека денешните мобилни се скапи? Првиот мобилен телефон во САД бил продаден во 1983 година и чинел 4.000 долари.
* 90% од мобилните телефони во Јапонија се водоотпорни.
* 100.000 телефони годишно завршуваат во веце шолја.
* 4 милијарди луѓе користат мобилен телефон, а само 3,5 милијарди користат четка за заби.
* Во просек, го отклучуваме смартфонот 110 пати на ден. 90% од пораките се читаат во првите три минути откако ќе стигнат, па изговорот дека „не сте го виделе телефонот“ најчесто не држи вода.
* Просечниот Американец поминува 4,7 часа дневно на смартфон.
* 42,5% од Бразилците побрзо би се откажале од вода и струја на еден ден отколку еден ден без смартфонот.
* Просечниот корисник на смартфон месечно создава 150 фотографии.
* 33% од смартфоните ги кршиме или ги губиме.
Извор: B92.net