Во текот на својата конференција за печат на Computex, Intel најави дека до крајот на годината планира да објави 28-јадрен CPU.
Самиот број на јадра не е единственото што е импресивно на овој процесор; Intel го демонстрирапе својот CPU, кој работепе на 5 GHz со сите јадра, а ова се брзини на такт кои не се достапни на потрошувачките процесори без оверклокување. Сепак, со оглед на тест природата на овој модел, веројатно е дека комерцијалната верзија нема да нуди толку висок boost на сите јадра. Најверојатно е дека Intel го оверклокувал својот инженерски примерок заради демото во текот на Computex.
Во текот на демото, 28-јадрениот CPU на Intel оствари Cinebench R15 резултат од 7334 поени, што е повеќе од било што досега тестирано. Ова ја покажува желбата на Intel да ја задржи круната на полето на CPU перформанси.
Компанијата не го објави името на процесорот, кое подножје го користи и колку ќе чини кога ќе се појави на пазарот.