Новиот паметен телефон на компанијата BlackBerry ќе биде претставен оваа седмица, а пред тоа на интернет се појавија неговите нови фотографии.

Како што веќе сме навикнати, познатиот “типстер” на Twitter, Иван Блас, објави нови фотографии од BlackBerry Key, а судејќи според досега објавените фотографии, паметниот телефон изгледа како подобрена верзија од паметниот телефон KeyOne и содржи комбинации од црна и сива боја, а физичката тастатура изгледа поголема.

https://twitter.com/evleaks/status/1003675655324733440?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fsupermen.tocka.com.mk%2Fvesti%2F271000%2Fobjaveni-novi-fotografii-od-pametniot-telefon-blackberry-key2

Токму таа тастатура е најважната карактеристика на овој уред. Модерниот BlackBerry доаѓа со дополнителни сигурносни функции кои се заштитен знак на овој бренд, но во суштина станува збор за “стандарден” модел на телефон со Андроид кои се истакнува благодарение на брендот.

“Семејството” Key ја врати традиционалната BlackBerry тастатура.

Компанијата TCL која произведува паметни телефони се одлучила за две камери на задната страна, а во долниот десен дел од тастатурата се наоѓа копче кое служи како “shortcut”.

Претходникот на овој модел има 4,5-инчен екран и процесор Snapdragon 625. Key2 наводно ќе содржи 4,5-инчен екран, но ќе добие подобар процесор – Snapdragon 660.

BlackBerry Key2 ќе биде претставен на 7. јуни.

Извор: Klix.ba