Веќе влеговме во периодот на годината, кога комарците и останатите инсекти пробуваат дополнително да ни ги отежнат и онака напорните денови. Меѓутоа, новата носечка технологија ветува дека здодевните инсекти ќе ги држи подалеку од корисниците, а при тоа да не мораме да се прскаме со хемикалии.
Guarden е компанија која се специјалиизраше за креирање производи кои го штитат домот на корисникот од сите видови напасти. Компанијата лансираше Indiegogo кампања за својот најнов уред, под името Bandito. Овој мал гаџет, кој може да се носи околу зглобот или да се закачи на облека или ранец, има два начина на кои корисникот го штити од комарци.
https://vimeo.com/267932792
Првата линија на одбрана се соничните зраци, подесени на фреквенција која ги одбива разлилчните типови на инсекти и бубачки. Звукот е нечуен за човечкото уво, а нема да им пречи ни на куќните миленици, но многу ефикасно ќе ги избрка комарците. Уредот исто така користи и ленти со мирис, кои не се токсични, кои испуштаат мирис кој ќе ги истера инсектите, а има пријатен мирис за луѓето. Овие мириси вклучуваат цитронела, пеперминт и лимунова трева. Секој од овие методи сам по себе е ефектен, но кога ќе се комбинираат заедно можат значајно да ја намалат количината на убоди од инсекти додека сте излезени.
https://vimeo.com/273227257