Батеријата во оксфордското електрично звоно е еден од најстарите активни експерименти.
Sвоното се наоѓа во лабораторијата Кларендон на Оксфордскиот универзитет и веќе непрестано ѕвони 178 години. Сепак, волтажата е толку ниска што човечкото уво не може да го регистрира овој звук.
Го напојува единствена батерија, поставена во 1840 година.
Истражувачите не знаат од што точно е направена, звоното не го отвораат од страв дека би можеле да го упропастат експериментот кој би требало да утврди колку долго може да трае батеријата. Наместо тоа, можно е само да се види како клатното осцилира од една на друга страна.
Досега часовникот звонел околу 10 милијарди пати, соопшти универзитетот.
Батеријата му припаѓа на видот “сив столб”, кој го измислил Џузепе Замбони на почетокот на 19. век. Ваквите виодви батерии се состоеле од дискови на сребро, цинк, сулфур и други видови материи кои произведуваат слаба електрична струја.
„Не сме сигурни од што е направена, но јасно е дека надворешниот слој е составен од сулфур“- вели Еј Џеј Крофт, поранешен истражувач во лабораторијата кој во 1984 година го опишал овој експреимент во Европскиот весник за физика.
Батеријата влезе во Гинисовата книга на рекорди како „најиздржлива батерија во светот“. Претходните истражувања покажаа дека најрано би можела да потекнува дури ид 1925. година.
Никој не знае кога ќе престане да работи.
Извор: B92.net