Компанијата Samsung го претстави новото видео со екстремни спортови во соработка со Red Bull и легендарниот бразилски скејтер Педро Барос. Именувано како “Погледнете ја поголемата слика”, новото видео ги повикува гледачите да ја доживеат акцијата и интензитетот на скејтбордингот, додека Барос се движи со скејтбордот низ структура моделирана по некои од најпознатите светски знаменитости од градови како Барселона и Њујорк.
По успехот на првата соработка на Samsung и Red Bull во врска со екстремните спортови, насловена како „Види го неочекуваното“, новиот концепт го истакнува интензитетот на скејтбординг, истовремено демонстрирајќи ги можностите на QLED телевизорите на Samsung. Достапни во модели со ултра-големи екрани со големина од 65 до 88 инчи, QLED TV екраните може да прикажат највозбудлив и најживописен квалитет на сликата на пазарот денес, претставувајќи ја секоја боја и секое движење со беспрекорна јасност.
“На ултра-големиот екран на QLED телевизорите, гледачите ќе имаат извонредно искуство додека го гледаат видео записот ‘Погледнете ја поголемата слика’ со Педро Барос. Возбудени сме што повторно соработуваме со Red Bull за да можеме повторно да ја нагласиме брилијантноста на екстремните спортови преку екраните. Додека продолжуваме да ја развиваме нашата QLED TV линија, нашите партнерства со брендови како Red Bull играат суштинска улога во овозможувањето возбудливи содржини оптимизирани за гледање на премиум ТВ уредите.”, рече Сунгхи Хан, Потпретседател на Одделот за Визуелни Екрани во Samsung.
Во текот на видео, гледачите “патуваат“ низ неколку различни концепти преку креирање на виртуелниот скејт парк на два ката, во затворен простор. Додека Барос со својот скејтборд се движи низ поставената структура, се открива нова естетска димензија – од храбрата архитектура на Барселона и топлината на африканската пустина, се до бетонски џунгли во Њујорк и Сан Франциско. Глобално реномирани уметници, меѓу кои и RYNoART, Стив Фаuлер, Кристен Полсен , Софија Лангнер, Марко Реинхард, PTLN, NXT LVL и C-Bass придонесоа кон дизајнот на виртуелниот скејт парк. Целото нивно дело оживеа со помош од Starelation и мајсторот за градење на рампи – Андреас Шутценбергер, кој го заврши концептот за осум недели.
Ѕвездата во видето, Педро Баррос, е меѓународна спортска ѕвезда позната по освојување на шест златни медали, три сребрени медали и еден бронзен медал на X-Games. Исто така, тој е и севкупно главниот носител на пехарот од Светскиот куп за Скејтбординг , четири години по ред, од 2010 до 2013 година, а беше и трето пласиран во 2014 и 2015 година.
Видеото “Погледнете ја поголемата слика“ ќе биде прикажано на QLED TV екраните во продавниците на Samsung на почетокот на јуни, а сите кои сакаат ќе може да го погледнат и преку профилите на социјалните медиуми на Samsung и Red Bull.