Да бидеме искрени, само мал број луѓе ќе имаат можност да отпатуваат во вселената, а бројот на луѓето што сакаат да патуваат е многу поголем.
Без оглед на тоа дали сте љубител на астрономијата или авантурист кој сака да оди онаму каде што никој не бил, NASA може да ви помогне. Поконкретно, нејзината туристичка агенција „Егзопланет травел биро“
На веб-страницата на „Егзопланет травел биро“ овозможено им е на сите заинтересирани виртуелно да патуваат на егзопланетата што се наоѓа надвор од Сончевиот Систем.
Но некои од нив би можеле барем делумно да се соодветни за живот. Сакате да се најдете во улога на истражувач и да посетите некоја од тие егзопланети од удобноста на вашиот дом? Тогаш посетете ја „Егзопланет травел биро“, изберете ја планетата каде што би сакале да патувате и тргнете.
Од NASA се потрудиле искуството да биде забавно, интересно и едукативно. Исто така, можете да ги споредувате планетите, да прочитате кога и кој ги открил, но и да научите како да ги пронајдете.