Научници во Кина тврдат дека откриле 30 нови животински видови, настанети во големите длабочини на океанот, кои никогаш досега не биле видени.
Рибата стаорец, потполно слепа, со бизарно големи очи и уши, една е од новооткриените 30 животински видови кои живеат во подножјето на подводните планини, а го окупира вниманието на кинеските научници.
Оваа риба, со останатите видови, откриени се со помош на подводен дрон.
Рибата е снимена додека плива пред камерата, користејќи се со страничната линија на своето тело, за да го насочи своето движење низ морските струи.
Другите видови, кои ги фати окото на камерата, се група школки и јагули. Овие животни го населуваат подрачјето околу подводните планини, кои се издигаат и до неколку илјади метри од дното под површината.
Главниот научник на кинеската Асоцијација за истражување и развој на минерални ресурси Ванг Чуншенг вели дека употребата на роботи за истражување на дното на океанот е од голема помош кај истражувањето непознати облици на живот.
„Сега може да имаме општ увид во биолошкиот диверзитет на подводните планини, видовите кои го населуваат тоа подрачје и начинот на кој се распоредени. Тие сознанија ни даваат солидна основа за заштита на подрачјето на подводните планини“, заклучи Чуншенг.