Еден од основните проблеми во врска со виртуелната реалност се дисплеите. Во таа насока работат Google и LG, подготвувајќи OLED панел со ултра висока резолуција за следната генерација VR шлемови, објави Android Police.
Екранот беше претставен официјално за време на саемот Display Week 2018. OLED панелот е со дијагонала 4,3-инчи и резолуција 4,800 x 3,840 (18MP) со стапка на освежување 120Hz и 120 x 96 field of view (FoV). Според двете компании, ова е OLED панел со највисока резолуција.
За споредба, HTC Vive вклучува 3.6-инчен екран со резолуција 1080 x 1200 (448ppi), а Vive Pro е со 3.5-инчен панел и 1440 x 1600 резолуција при 615ppi. И двата уреди нудат стапка на освежување 90Hz и 110 степени FoV.
Поврзани артикли