Извршниот директор на Tesla, Елон Маск изјави дека новиот електричен автомобил, Model 3 ќе биде надграден со што би се средиле недостатоците во сопирачките, како и екранот на допир.
Организацијата Consumer Reports во понеделник го објави нивниот извештај за тестирањето на новиот Model 3. Организацијата изјави дека има многу работи што ќе ве натераат да се заљубите во возилото, но сепак не го препорачуваат, се додека не се намали оргомната дистанца што е потребна за возилото да закочи во вонредна ситуација.
Според извештајот, на возилото му биле потребни 46 метри за да закочи при брзина од 100 километри на час.
The CR braking result is inconsistent with other reviewers, but might indicate that some Model 3’s have longer braking distances than others. If so, we will address this at our expense. First time we’ve seen anything like this.
— Elon Musk (@elonmusk) May 22, 2018
Маск изјави дека тестирањето било извршено на еден од првите произведени Model 3 автомобили, барајќи од Consumer Reports да направат нови тестови на една од поновите верзии на која софтверски е решен проблемот со кочењето.
Критиката околу екранот на допир е тоа што речиси се се контролира од него, вклучувајќи ги и автоматските прозорци, што според организацијата што го тестираше возилото придонесува до губење на концентрација при возењето.