Новата верзија на Series 8 ќе биде претставена во Франција, еден ден пред почетокот на легендарната трка 24 Часа Ле Ман, на која својата премиера ќе ја доживее и тркачкиот модел на BMW, наречен M8 GTE.
Скоро 20 години откако престана да се произведува првата генерација на Series 8, која своевремено беше сметана за врвот во автомобилската индустрија, BMW ќе ја претстави втората генерација на „Осумката“, а ова луксузно спортско купе ќе биде показател за класата на баварскиот гигант.
За претставување на новата Series 8 Баварците (нималку случајно) ја одбраа најголемата автомобилска трка на сите времиња, 24 часа Ле Ман, на чие овогодишно издание тие ќе испратат и претходно подготвен тркачки модел M8 GTE, кој за своето парче бесмртност ќе се бори против конкурентите од својата класа од компаниите на Porsche, Ferrari, Aston Martin и Chevrolet.
BMW за почеток ќе го претстави моделот M850i xDrive со новоразвиениот 4,4-литарски V8 битурбо мотор со 530 коњски сили и 750 Nm вртежен момент кој ќе се дистрибуира на двете осовини преку ревидираниот 8-степен автоматски менувач.
Автомобилот стандардно ќе биде поставен на 20-инчни тркала, а покрај управувањето преку двете осовини во стандардната опрема е и адаптивната суспензија со активни стабилизатори и делумна блокада на задниот диференцијал.
Во втората половина од годината BMW ќе го претстави и значајно помоќниот M8, а веќе е познато дека луксузниот Grand Tourer во скоро време ќе добие и Cabrio и Gran Coupe верзија.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли