Facebook досега укина околу 200 апликации во првата фаза од ревизијата на апликациите кои имаат пристап до голем број кориснички податоци, а како одговор на скандалот со Кембриџ Аналитика.
Апликациите се укинати во рамките на детална истрага за тоа дали со нивна помош можат да бидат злоупотребени податоците за корисниците.
Компанијата објави дека досега е направена анализа на илјада апликации во рамки на истрагата која ја наложи извршниот директор Марк Цукерберг.
Компанијата ги истражува апликациите кои имаат пристап до кориснички податоци пред промените на политиката во 2014 година на платформата, со што се намалуваат информациите до кои имаат пристап. Секоја апликација која одбила или не издржала на проверката, ќе биде забранета, соопшти компанијата.
Во рамките на првата фаза на истрагата се идентификува секоја апликација која има пристап до големи количини на податоци од Facebook, а втората истрага ќе вклучува интервјуа, ќе се прават барања за информации и проверки, кои можат да бидат и инспекции на лице место.
Суспендираните апликации чекаат истрагата да покаже дали навистина ги злоупотребиле податоците.
Случувањата покажува дека последиците од скандалот од далеку не се завршени, иако цената на акциите на Facebook се врати на нивото пред кризата.