Најголемата кадровска рокада во историјата на Facebook откри, помеѓу останатото, дека оваа компанија има намера да ја развие блокчеин технологијата, иако се уште не е јасно за која намена.
Досегашниот директор на Messenger, Дејвид Маркус би трбало да го преземе водењето на тимот задолжен за развој на блокчеин. Ќе му одговара директно на техничкиот директор на Facebook, Мајк Шрепфер.
Се уште не е познато со што навистина ќе се занимава групата, а самиот Маркус наведе дека ќе бидат истражувани најдобрите начини за употреба на блокчеин во Facebook и дека ќе почнат од нула.
After nearly four unbelievably rewarding years leading Messenger, I have decided it was time for me to take on a new…
Posted by David Marcus on Вторник, 08 мај 2018
Соосновачот и главниот извршен директор на социјалната мрежа Марк Цукернерг лично е заинтереситан за создавање сопствена криптовалута. Меѓу целите за оваа година го смести и истражувањето на предностите кои ги донесува технологијата на блокчеин.
Every year I take on a personal challenge to learn something new. I've visited every US state, run 365 miles, built an…
Posted by Mark Zuckerberg on Четврток, 04 јануари 2018
Се шпекулира дека Facebook оваа технологија би можел да ја употреби за решавање на бројни проблеми врзани за заштитата на приватноста на корисниците, кои се под лупа на јавноста и властите на повеќе држави, посебно по скандалот со компанијата Cambridge Analytica. Блокчеин, на тој начин, би можел да овозможи целосна контрола на надзор на корисникот над нивните податоци.
Од друга страна, со две милијарди корисници, Facebook е потенцијално многу интересна платформа за развој на сопствена криптовалута. Во тоа веќе се испроба Telegram, кој воведе сопствена конкуренција на биткоин. Блокчеин технологијата е теоретски можно да се користи и за плаќање на корисниците за создавање и објавување содржини.