Во првото тромесечие на 2018 година, продажбата на електричните возила во Германија пораснала за дури 70% (на 17.547 возила), што опфаќа целосно електрични возила, како и plug-in хибриди. така Германија ја презеде првата позиција од Норвешка зад која се уште и Велика Британија, Франција и Шведска. Германските производители на возила Volkswagen и Daimler дури започнале и производство на батерии за електрични возила со цел да бидат што појака конкуренција на Tesla. Тие исто така ја менуваат и опремата на своите линии за монтажа, за да одговорат на строгите европски прописи за мотори со внатрешно согорување.
На ниво на цел Европа, продажбата на електричните возила се зголемила за 41%, додека кај дизел возилата е забележан пад од 17%.
Поврзани артикли