Откако минатиот месец, основачот на Tesla, Елон Маск во разговор за CBS обелодени дека во својата канцеларија има толку расклатен кауч што му е поудобно да спие на под, на мултимијардерот овие денови, благодарение на донациите на неговите фанови му пристигна нов лежај.

Откако го виде прилогот на CBS, кампања за собирање пари покрена Бен Салинс, основач на YouTube каналот Teslanomics.

 

Многу брзо беа собрани 8.000 долари, што е и повеќе од доволно за нов кауч. Како што објави Салинс, каучот е веќе испорачан во фабриката на Tesla во Фримонт, каде што Маск поминува многу време и очигледно често и преспива. Поголем дел од парите ќе биде уплатен во хуманитарни цели.

Маск засега не ја коментираше акцијата.