Без оглед на тоа колку лозинката ви е комплицирана, би требало да знаете дека постои некој кој без никакви проблеми може да ја заобиколи и да добие пристап до сите ваши податоци.
Не е во прашање Владата, туку Facebook. Социјалната мрежа може да му пристапи на секој профил. Во прашање е факт кој досега беше тајна.
Само мала група вработени на Facebook има дозвола да пристапи до било кој профил без знаење на сопственикот, објави Wall Street Journal.
Од друга страна, доколку сте вработени во Facebook и некој проба да ми пристапи на вашиот профил, ќе ја добиете таканаречената “Sauron тревога”.
Меѓутоа, ваквата заштита не постои за обичните Facebook корисници, околу 2.2 милијарди од нив.
Иако социјалната мрежа има право да држи во тајност некои работи, ова за многумина не е опција во ек на големиот број скандали во кои се најде Facebook во последните неколку недели.
Големи се шансите ова никогаш да не го дознаевме да не беше Facebook вработен кој за злоупотребубаше оваа привилегија за да нушка по профилите на корисниците.
На цела среќа, сите акции на луѓето кои поседуваат универзачен клуч за сите профили ги посматраат супервизори и потребни се навистина добри причини за клучот да искористи на некој профил.
Кога клучот ќе се искористи, вработените можат да дојдат до исклучително осетливи податоци, оние кои не ги делите со други.