Популарноста на грамофонските плочи во последните неколку години стигна до ниво за луѓето од музичкиот бизнис повторно да се запрашаат: Дали винилот е пред неверојатен кам-бек?
Последната анализа на Statista покажува дека во последните неколку години во САД и Велика Британија има рапидно зголемивањ ена продажбата на грамофонски плочи, тренд кој не е забележан со ниту еден друг музички производ во последните две децении. Во 2017 година, во САД се продадени 14 милиони грамофонски записи, што претставува пораст од над 1000% во споредба со 10 години порано.
Иако оваа продажба изгледа фантастична, од музичката индистрија Nielsen велат дека LP изданијата немаат повеќе од 8,5% од продажбата на албумите во САД. Кога ќе го земеме предвид преносот на музика и преземањето на поединечни песни, овој удел паѓа на 2,5% од вкупната музичка потрошувачка. Сепак, винилот не само во САД, одлично с евраќа на сцена и во Британија. Минатата година на Островот биле продадени 4,1 милион нови LP изданија што во споредба со 10 години претходно која беа продавани по едвај 200.000 примероци, процентот на зголемување на продажбата е фрапантни – 1852%. Графиконите во продолжение, најдобро ја отслукуваат состојбата со винилот на музичкиот пазар
Поврзани артикли