Од LG на почетокот на оваа година најавија дека нивниот модел V30 ќе добие нова верзија која ќе има повеќе меморија и ќе биде дел од серијата модели познати под името ThinQ. Денеска конечно LG V30 ThinQ беше претставен на пазарот и беа откриени детали за него.
Новата верзија на моделот V30 ќе чини 930 долари на американскиот пазар, а се очекува оваа цена да биде универзална низ целиот свет.
Новиот V30 ThinQ доаѓа со истиот хардвер како и оригиналната верзија, но разликата помеѓу двата уреди е во тоа што новата верзија доби 6 GB RAM меморија наместо 4 GB, колку што имаше оригиналниот модел. Исто така, сега изборот за внатрешна меморија се сведува на две опции: 128 GB и 256 GB, наместо досегашните 64 GB и 128 GB.
LG V30 ThinQ исто така ја има новата камера со вештачка интелигенција (AI) на LG, која самостојно идентификува објекти во кадарот и ја оптимизира сликата во зависност од изворот на светлина, јачината на светлината и контрастот. Овие карактеристики ќе бидат достапни и за постарите V30 телефони, а се очекува да пристигнат наскоро.
Верзијата со 128 GB внатрешна меморија ќе чини 920 долари, додека цената останува непозната за верзијата со 256 GB меморија. На некој начин, може да се каже дека плаќате нешто повеќе пари за нов телефон кој има повеќе меморија и посовремена камера.