Google во тајност му помага на младиот технолошки бизнисмен Мајкл Сајман во развојот и лансирањето на нова социјална игра или стартап кој е наречена Arcade, објави Bloomberg.
Овој стартап наводно нема да зависи од другите социјални мрежи, туку корисниците преку него ќе можат да креираат сметки со помош на своите телефонски броеви. Arcade веројатно ќе вклучува и некои тривијални елемнти.
Google го потврди постоењето на проектот Arcade, но не сакаше да открива повеќе детали освен дека проектот е фокусиран на играње мобилни игри со пријателите.
Bloomberg пишува дека Arcade ќе го создаде своето место во светот на Интернет на кое ќе можат да се среќаваат и дружат милиони корисници.
Се уште не е познато кога играта Arcade ќе им биде достапна на корисниците.