Instagram во последно време воведува многу нови функции, а сега најави и видео повици и редизајнирање на страницата за пребарување, односно, откривање на нови објави и луѓе (Explore page).
Страницата за пребарување ќе има опција на врвот на страницата, која на корисниците ќе им даде можност да изберат категории како животни, фотографии, архитектура и слично, за на тој начин да им бидат понудени повеќе објави околу темите кои ги интересираат.
Ова ажурирање ќе им овозможи на корисниците да прегледуваат поголем број на содржини на оваа страница, која првобитно е креирана за да се прикажат сите содржини кои Instagram смета дека би можеле да ви се допаднат врз основа на ваши претходни пребарувања, следбеници и објави кои ви се допаѓаат.
На тој начин откривате нови содржини, луѓе или брендови, а оваа страница досега веќе неколку пати беше ажурирана.
Instagram наскоро ќе воведе и видео повици, а оваа опција моментално е во фаза на тестирање.
За да започнете видео разговор, ќе биде доволно да ја одберете иконата со нова камера која ќе се наоѓа во опцијата за директни пораки.
За да креирате групен видео повик ќе биде потребно да ја одберете опцијата за директни пораки, а потоа и знакот „+“, кој служи за додавање на лицата со кои сакате да разговарате.
Можете да разговарате со една личност или со помала група на луѓе, а ако сакате да го пребарувате Instagram и истовремено да разговарате со некого, ќе имате опција да го минимизирате прозорецот на кој се одвива видео повикот и без никакви проблеми да продолжите да разговарате.
Воведувањето на овие опции Instagram го најави пред неколку месеци, но тогаш не беше прецизирано колку лица ќе можат да учествуваат во видео повикот.
Овие ажурирања имаат за цел Instagram да го претворат и во мрежа која ќе овозможи размена на пораки, а не само објавување на фотографии, како што беше првичната замисла.
Instagram најави дека наведените промени ќе им бидат достапни на сите корисници во наредните седмици.
Извор: Klix.ba