Дигитализацијата на печатените материјали порано беше сложен процес кој често вклучуваше скенери или други машини за да може нешто од реалниот свет да се внесе во компјутер, но новото откритие на инженерите од Универзитетот „Карнеги Мелон“ може да ја надмине машинеријата и да ѝ даде предност на хартијата.
Истражувачите развиле хартија која брзо може да го следи допирот и на тој начин да овозможи ефикасен начин за дигитализација на пишувањето и цртањето. Едно парчe од оваа хартија би чинело само 30 центи, а истражувачите би можеле да ја намалат уште повеќе.
Не, оваа хартија не е тенок екран, тоа е обична хартија. Истражувачите примениле евтин спроводлив материјал на задниот дел, кој еден ден би можел да се произведува во големи количини. Тимот користи боја со јаглерод која може брзо да се стави на хартијата и сензорска табла која се поврзува со хартијата. Таа сензорска табла е она што овозможува допирот на игла или пенкало или дури и прст да се дигитализира и да се регистрира на компјутер.
Погледнете како изгледа целиот процес!
Извор: Факултети.мк