Неодамна од Инстаграм соопштија дека подготвуваат алатка преку која корисниците ќе можат да ја превземат целата содржина која што ја објавиле на социјалната мрежа, а од оваа седмица таа опција е овозможена.
Моментално оваа опција е достапна за сите корисници преку веб верзијата на Инстаграм, а наскоро ќе биде достапна и за корисниците на Андроид и iOS уредите.
На веб, потребно е да кликнете на опцијата за поставки, потоа приватност и безбедност, па превземање на податоци, каде што е потребно да кликнете на „побарај преземање“. Потоа треба само да го внесете вашиот мејл и лозинка, а од Инстаграм велат дека собирањето и испраќањето на овие податоци може да трае и до 48 часа.
Преку оваа опција корисниците ќе можат да ги преземат речиси сите податоци и информации кои што некогаш ги објавиле на Инстаграм – од фотографии, видеозаписи, архивирани разговори, информации за профилот и поставките, коментари, пораки, лајкови, пребарувања, имиња на корисниците кои што ги следат и слично.
Поврзани артикли