Локалните власти на кинескиот град Даје, во провинцијата Хубеј, смислиле нов начин како да ги одвратат пешаците од преминување улица на црвено светло, така што доколку не го почекаат зеленото човече на семафорот, ќе бидат испрскани со вода.
Полициските претставници одобриле инсталација на пет жолти столба на секој пешачки премин на една од најпрометните крстосници. Столбовите се опремени со неколку методи наменети да ги премислат пешаците од преминување улица на црвено светло.
https://twitter.com/i/web/status/986911031040524288
„China Daily“ пренесува дека столбовите се опремени со звучни системи кои ги информираат пешаците кога е во ред да ја преминат улицата со зборовите: „Сега е зелено светло. Ве молиме да ја преминете улицата брзо и внимавајте на својата безбедност“.
Другата порака им вели на пешаците да не тргнат прерано да ја преминуваат улицата: „Ве молиме да не преминувате. Ќе бидете испрскани со вода“.
Оние што нема да го послушаат предупредувањето, ќе бидат испрскани со вода бидејќи сензорите за движење го регистрираат лицето што ја преминува улицата пред промената на светлото во зелено и го прска со вода.