Кога полициска истрага запнала на заклучен мобилен телефон полицијата во САД се обидела да го деблокира истиот во мртовечница со помош на прстот на починатиот сопственик, но безуспешно.
Полицијата од градот Ларгo минатиот месец го убила 30-годишниот Линус Филип додека тој се обидувал да избегне претрес.
Во мртовечницата двајца детективи се обиделе му да го отклучат телефонот со поставување на неговиот прст на сензорот за отпечатоци на уредот, а неговата свршеница за локалните медиуми изјавила дека таквата постапка е неприфатлива.
Сепак, правните експерти сметаат дека детективите не направиле ништо нелегално, иако не се сигурни дали тоа бил соодветен однос од нивна страна.
Чарлс Роуз, професор на Правниот факултет на Универзитетот „Стетсон“, за „Тампа беј тајмс“ изјавил дека мртвите не уживаат заштита со уставниот амандман со кој се регулира претресот бидејќи тие не можат да бидат сопственици.