Вчера во Кина беше презентиран новиот модел на серијата Honor – Honor 10. Смартфонот има одлични спецификации, но се чини дека најпривлечното нешто се боите на самиот телефон. Honor 10 личи на Huawei P20, има екран со дијагонала од 5.84 инчи и резолуција од 2280×1080 пиксели. Телефонот го има најновиот процесор на компанијата – Kirin 970, а има и 6GB работна меморија.
Honor 10 има внатрешна меморија од 64GB, но нема лежиште за мемориска картичка. Телефонот на задната страна има две камери (стандарден сензор од 16 мегапиксели и телефото сензор од 24 мегапиксели), додека на предната страна ќе има камера со сензор од дури 24 мегапиксели, од кој се очекува одлични селфи фотографии.
3.400mAh е капацитетот на батеријата во телефонот, која ќе може да се наполни до 50% за само 25 минути. Од телефонот се очекува и одличен звук благодарејќи на стандардниот конектор за слушалки, аудио конверторот AK4376A и технологијата Huawei Histen.
Цената на телефонот за варијантата со 64GB внатрешна меморија ќе биде околу 335 евра во Кина, односно околу 390 евра за варијантата со 128GB.