Компанијата HP кога станува збор за гејмингот ја имаше својата Omen линија, а сега пласираше уште една нова линија наречена Pavilion Gaming наменета за гејмерите кои што бараат „пониски стандарди“.
Засега, линијата Pavilion Gaming ја претставуваат два десктоп компјутери, лаптоп и дисплеј, а од HP велат дека е наменета за оние кои што сакаат да играат на компјутер, но не и да купат PC кој ќе биде исклучиво за гејминг.
Pavilion Gaming Laptop пристигнува со екран со големина од 15,6 инчи, а ќе биде понуден во различни конфигурации. Најевтиниот модел ќе чини 800 долари, а сите модели ќе ја имаат осмата генерација на Core i5 или i7 процесорите, 8 GB RAM меморија и комбинација на 1 TB HDD диск.
Исто така, ќе бидат опремени и со Radeon RX 560X, GeForce GTX 1050 Ti или GTX 1060 Max-Q во зависност од изборот на купувачот, а во зависност од изборот, секако ќе варира и цената на лаптопот.
Покрај тоа, претставени се и два Pavilion Gaming десктоп компјутери 690 и 790. Моделот 690 пристигнува во „помало пакување“ и ќе се продава по цена од 549 долари, а помоќниот ќе чини 749 долари. Овие компјутери можат да се надоградуваат како на пример моделот 790 кој што може да добие RAM меморија до 64 GB.\
HP го најави и Pavilion Gaming 32 HDR екранот со големина од 32 инчи. Тој е поинаков од останатите 4K HDR TV со тоа што има поширок спектар на бои, помал контраст и светлина. Неговата резолуција изнесува 2560×1440 и ја поддржува FreeSync технологијата на AMD. Ќе се продава по цена од 449 долари.
Продажбата на уредите започнуа во мај и јуни оваа година.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли