NASA синоќа успешно го лансираше вселенскиот телескоп TESS од Флорида, кој ќе има задача да забележи постоење на нови досега неоткриени планети.
TESS (Transiting Exoplanet Survey Satellite), во вселената е лансиран со помош на ракетата Falcon 9, чија мисија ќе биде потрага по нови егзопланети.
За разлика од телескопот Кеплер, кој беше лансиран во вселената во 2009 година и досега откри близу 2.650 нови планети, TESS ќе биде во можност да пребарува многу поголем дел од вселената.
„TESS во голема мерка ќе го зголеми бројот на нови егзопланети. Најмалку 20.000 нови егзопланети ќе можеме да проучуваме во наредните 15 години од оваа мисија“, изјави еден од главните луѓе на овој проект.
TESS, кој ќе кружи околу Земјата на просечна оддалеченост од 240.000 километри, поседува четири камери кои ќе ја мапираат вселената во сегменти, а секој сегмент ќе биде набљудуван 27 дена пред да се премине на следниот регион.
Откако TESS, кој го викаат и „ловец на планети“, ќе пронајде интересна егзопланета, за која се смета дека на неа би можеле да постојат услови за живот, таа подетално ќе може да биде истражена од страна на вселенскиот телескоп James Webb, кој ќе биде лансиран во мај 2020 година.