Тајванскиот производител ASUS откри дека развива смартфон кој ќе биде посветен на игри. Asus се познати по атрактивните брендови за гејминг компјутери како Rebublic of Gamers (ROG).
Уредот ќе биде во директна конкуренција со производи како Razer Phone или Xiaomi Black Shark кои се создадени само за игри. Сè уште не е познато како ќе биде наречен новиот Asus смартфон, но моделот сигурно ќе биде со логото на ROG.
Ова не е првпат да дознаеме за желбата на компанијата да презентира сличен производ. ASUS го најави концептот на технолошкиот саем CES 2018 во јануари, информира Android Headlines. Моќниот хардвер нема да е доволен смартфонот да го привлече вниманието на корисниците и Asus дефинитивно треба да се обидат да им понудат нешто поразлично на гејмерите. Во оваа фаза, премногу рано е да се коментираат техничките карактеристики на уредот кој ќе работи со Android.