Кина отвори интернет страница на која што граѓаните ќе може да пријавуваат субверзивни активности или лица за кои се сомневаат дека се шпиони.
Министерството за национална безбедност го отвори сајтот www.12339.gov.cn на кое може да се пријавуваат сомнителни активности кои се закана за социјалистичкиот систем. На веб страницата ќе се собираат информации за активностите кои ја доведуваат земјата во опасност. Сајтот ќе биде достапен на кинески и англиски јазик.
Властите во Пекинг редовно ги предупредуваат граѓаните да реагираат кога ќе забележат сомнителни активности и тоа да го пријавуваат. На сајтот граѓаните ќе може да пополнат образец во кој што наведуваат што пријавуваат – шпионажа, тероризам, сепаратизам, оддавање на државни тајни, субверзија и слично.
Пријавувањето е анонимно, а властите предупредуваат дека секој кој ќе се обиде да ја злоупотреби оваа алатка или ќе пријави лажни податоци ќе сноси последици.
Поврзани артикли