Новиот Самсунг Галакси Ноут се очекува да биде промовиран во август оваа година, а со наближувањето на премиерата се откриваат се повеќе детали околку неговите спецификации и изглед. Според последните информации Ноут 9 ќе има помоќна батерија со полнеж од 3.850 до 4.000 милиампер часови. Тоа е зголемување во однос на неговиот претходник, Ноут 8 кој има батерија од 3.300 милиампер часови, објави „Покет-Линт“.
Самсунг Галакси Ноут 9 ќе биде опремен со поголем екран кој ќе го направи вистински избор за корисниците кои гледаат мултимедија или го користат својот паметен телефон за игри. Новиот паметен телефон ќе има побрз процесор и ќе работи под Андроид Орео. Самиот дисплеј ќе има големина од 6,4 инчи и ќе го пополни речиси целиот простор во предниот дел. Сепак, Галакси Ноут 9 се очекува да има сличен дизајн со својот претходник.
Исто така можеме да бидеме сигурни дека уредот ќе има подобри камери и веројатно ќе користи нова генерација на меморија. Во овој момент, ова се сите технички спецификации што ги знаеме за Галакси Ноут 9. Со текот на времето, ќе дознаеме повеќе за подобрувањата, кои не очекуваат во паметниот телефон.
Новиот модел во голема мера ќе ја заостри конкуренцијата на пазарот на паметни телефони во втората половина од годината, но ќе понуди поголем избор за потрошувачите.