Руски суд донесе одлука дека апликацијата Телеграм треба да биде блокирана во земјата. Ова следи по неколкумесечната битка помеѓу Телеграм и Роскомнадзор, агенцијата за следење на комуникациите во Русија.
Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) бара пристап до податоците во Телеграм, но компанијата одбива да даде клуч до енкрипцијата и покрај судската одлука.
Агенцијата ТАСС соопшти дека Телеграм ќе биде блокиран веднаш по последната судска одлука и дека со оваа забрана ќе трае се додека компанијата не ги сподели кодовите со ФСБ.
Поврзани артикли