Google планира наскоро да лансира нов дизајн за веб-интерфејсот на Gmail. Во информацијата која протече во јавноста, се вели дека компанијата во новиот дизајн ќе вклучи “неколку нови функции”, кои исто така ќе бидат достапни за редовните Gmail акаунти. Google ветува “свеж и чист изглед за Gmail на интернет”, со функции како Smart Reply, можност да ги одложувате електронските пораки и offline поддршка.
Google не открива како точно ќе изгледа новиот дизајн за Gmail, но компанијата неодамна лансираше нов дизајн за Google Calendar. Календарот беше надграден со модерни икони, бои и почисти боксови за настани. Генерално дизајнот изгледаше многу повеќе како мобилната апликација, и разумно е да се претпостави дека и самиот Gmail ќе се ажурира на сличен начин. Google радикално го редизајнира Gmail за посебната апликација за Inbox уште во 2014 година, но компанијата се задржа на оригиналниот Gmail дизајн досега.
Редизајнот на Gmail ќе биде достапен во наредните недели.