Сателитот е наречен “RemoveDebris” и има неколку различни направи дизајнирани за чистење на големите количини на отпад кои што кружат околу нашата планета Земја.
Европската вселенска агенција неодамна лансираше сателит со кој што ќе се обиде да ја „исчисти“ вселената од ѓубре, а најинтересно е тоа што ќе користи технологија која што е позната уште од Римско време – харпун и мрежа.
Инжинерите кои што ги дизајнирале специјалните харпуни за двата пилот-проекти за чистење на отпадот во вселената велат дека целата привлечност на таквите вселенски алатки е во нивната едноставност.
„Тоа е навистина едноставно парче на технологија, само што ние го унапредивме за употреба во вселената. Убавината на тој систем е во едноставноста“, изјави инжинерот при Европската вселенска агенција, Аластер Вејмен.
Сега, се очекува тестовите за собирање на отпад да започнат за неколку седмици: „Се што треба да направи сателитот е да се приближи до метата, да го лансира харпунот и да го собере отпадот на кој што се закачил на мрежата“, велат од Европската вселенска агенција, додавајќи дека еден од харпуните е долг 30 сантиметри, а јажето кое што е врзано за еден од краевите е долго 20 метри.
Европската вселенска агенција развива и уште еден, многу поголем харпун, односно долг метар и пол и тежок повеќе од два килограми кој што би можел да понесе отпад со тежина до осум тони.
Научниците проценуваат дека речиси седум илјади тони разен отпад кружат околу Земјата со брзина од околу 27 илјади километри на час, а тоа може да ги оштети сателитите кои што орбитираат околу Земјата, па дури и вселенските бродови.
Под отпад се подразбира од најмали метални парчиња и струготини, па се до штрафови, делови од ракети и расипани сателити.
Извор: Точка
Поврзани артикли