Novobox е Cloud решение за складирање податоци, документи, фотографии и видеа. Novobox ви овозможува да пристапувате до вашите податоци од каде било, кога било. Пристапот до фајловите е овозможен преку веб-платформа, Android, iOS и Windows PC. Novobox ви овозможува 100% сигурност на вашите податоци, користејќи 60 дата-центри низ целиот свет од мрежата на CenturyLink. Со Novobox ќе имате пристап до сите ваши податоци од кој било уред, преку Novobox апликации за десктоп и за мобилни уреди.
Novobox е Cloud решение обезбедено и одржувано од компанијата „Нови Системи”.
Vip им овозможува на сите свои постпејд и припејд мобилни корисници кои ќе го активираат и ќе го користат пакетот Novobox 50, плаќањето за користењето на пакетот да го извршат преку мобилен телефон.
Novobox веб и мобилните апликации имаат вградени медија плеери, со кои директно ја слушате вашата музика или ги гледате вашите видеа. Нема потреба од симнување на фајловите, само стиснете плеј и уживајте.
Со Novobox можете да ги складирате и да ги уредувате вашите работни документи од пакетот Microsoft Office.
Пакетот Novobox 50 можете да го платите преку мобилен телефон од Vip, достапно за сите Vip постпејд и припејд мобилни корисници.
За да активирате Novobox, потребно е да се регистрирате на веб-страницата novobox.mk.
Користењето во првиот месец по регистрацијата е бесплатно. По истекот на бесплатниот период од 30 дена, за користењето на пакетот Novobox 50, корисникот плаќа месечна претплата од 118 ден. преку својот мобилен телефон од Vip.
Месечната претплата за користењето на Novobox, се наплатува однапред и се однесува на период од наредни 30 дена. Претплатата за активираниот Novobox пакет автоматски се продолжува, сè додека корисникот не го деактивира преку веб-страницата novobox.mk.