Xiao AI е многу сличен на виртуелната асистентка на Apple, Siri и Google Asistant, но од видеото може да се склучи дека е наменет за кинескиот пазар и дека е поврзан во WeChat апликацијата за бесплатно допишување и разговарање.
Xiao AI ќе биде лансиран во новиот паметен телефон на Xiaomi, Mi Mix 2S, но ќе биде компатибилен и со другите модели од компанијата, благодарение на надградбата на кинеската верзија на MIUI софтверот.
Новиот гласовен асистент засега е достапен само на кинескиот пазар, објави The Verge.
Xiaomi неодамна најави партнерство со Microsoft, кое во иднина може да доведе до интегрирање на гласовниот асистент Cortana со звучникот Mi AI Speaker, што меѓутоа не ги подразбира и мобилните телефони.
Телефоните на Xiaomi во Индија можат да го користат Google Assistant кој не е достапен во Кина.