Американската компанија Facebook соопшти дека ќе ја ограничи достапноста на некои податоци за корисниците во сетот на мерки кои ги презема по скандалот со кршење на приватноста.
Британската компанија Кембриџ аналитика обвини дека користела лични податоци на милиони корисници, кои биле собрани на Facebook, за да му помогне на Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во 2016. година.
Facebook денеска наведе дека Кембриџ аналитика можеби имала неовластен пристап до податоците на 87 милиони луѓе, а не на 50, како што се мислеше во почетокот.
Во склоп на најавените промени, Facebook со внатрешни апликации ќе го ограничи пристапот на случувања на кои еден корисник на социјалната мрежа има намера да оди, како и пристапот на информации од Facebook групите, како што е списокот на нивните членови и содржината.
Компанијата исто така ќе ја тргне опцијата на барање корисници според телефонскиот број или имејл адреса. Иако тоа досега им помагаше на поединци за да најдат некого, Facebook наведува дека компаниите кои имале телефонски број или мејл адреси на корисниците, можеле на тој начин да собираат податоци за профилите.
Во понеделник сите корисници на Facebook ќе добијат известување за да можат да ги видат апликациите, но и за да одберат кои видови на информации одбрале да ги делат со тие апликации. На тој начин ќе имаат можност да ги избршат апликациите кои веќе не ги сакаат.
Корисниците бидат информирани и дали нивните податоци се меѓу оние до кои Кембриџ аналитика имала пристап, а такви корисници најмногу ги има во САД, соопшти Facebook.