Ако сте изморени од гледање здодевни реклами пред да продолжи видеото на YouTube, една од опциите е YouTube Red, но тој е достапен во мал број земји и треба да платите 10 долари за да го користите. Сепак, достапна е поедноставна опција.
Апликацијата Newpipe ги отстранува рекламите од YouTube и тоа бесплатно.
Оваа апликација ви дозволува да гледате YouTube видеа без притоа да бидете приклучени до Google Play Services, што значи дека Google нема да дознае што гледате. Тоа е одлично за вашата интернет приватност, но исто така тоа ги оневозможува рекламите да се појавуваат бидејќи Google не знае кои реклами да ги пушти до вашиот YouTube профил.
Со Newpipe ќе добиете поголем број можности што ги има YouTube Red. На пример, можете да симнувате видеа за да ги гледате кога не сте приклучени на интернет, а од неодамна можете и да гледате стримови во живо без да се појавуваат реклами.
За да ја инсталирате апликацијата, ќе мора да ја симнете од дадениот линк, бидејќи таа не е достапна на Google Play Store. Најдобрата опција е да симнете F-Droid, алтернативна апликација која содржи инсталации за апликации за Android кои не се достапни на Google Play Store. Секако, не заборавајте да ја активирате опцијата Install from unknown sources од вашето Settings мени.