Вкупно 12.000 обоени стаклени соларни панели ја сочинуваат фасадата на Интернационалното училиште во Копенхаген и произведуваат 50 проценти од енергијата која е потребна за училиштето. Ова е најголемата соларна фасада во светот. Панелите можат да произведат 300 мегават-часови енергија годишно, што е точно половина од потребите на училиштето, објави веб-страницата Иновативност.мк.
Освен што е енергетски ефикасно решение, соларната фасада го редефинира стилот на зградата и ја претвора во архитектонско уметничко дело. Бојата на соларните панели е морска зелена, иста како на симболот на Копенхаген – сирената, која ги пречекува туристите во данската престолнина. Уникатната зеленкаста боја на панелите ја направи Федералната политехничка школа на Лозана по цела една деценија развој.
Со помош на процес на пресретнување на светлината истражувачите успеаја да им дадат уникатна боја на соларните панели. Ефектот може убаво да се види на меурчиња од сапуница или на капки масло на површината на вода. „Ефектот на зеница креира живописно виножито на многу тенка површина. Истиот принцип го искористивме и го адаптиравме за стакло“ вели Жан-Луј Скартецини, одговорен во лабораторијата која ги направи панелите.
Поврзани артикли