Франција до 2022 година ќе инвестира 1,5 милијарди евра од државните фондови во истражувањa за вештачка интелигенција во обид да фати чекор со САД и Кина, како и да го спречи одливот на кадар.
Инвестицијата е дел од стратегијата за развој на вештачка интелигенција која францускиот претседател, Емануел Макрон, ја презентираше на елитен француски колеџ.
„Франција плаќа за обука на докторанти кои потоа заминуваат САД. Тоа е огромна штета”, изјави претходно францускиот министер за финансии, Бруно ле Мер.
Поврзани артикли