Новиот Forester имаше премиера на њујоршкиот саем на автомобили, каде беа покажани голем дел од новитетите на овој модел. Покрај новиот мотор, тука е и системот за детектирање на замор и деконцентрација на возачот.
Иако концептот VIZIV Future од 2015 година налагаше дека новиот Forester би можел да има неконвенционален и значајно помодерен дизајн од оној на актуелниот модел, но претставената верзија покажува дека Subaru сепак одлучиле да не експериментираат премногу со изгледот.
Forester 2019 е поставен на нова SGP (Subaru Global Platform) механичка платформа, па затоа автомобилот е малку поголем во однос на претходникот. Благодарение на редизајнот на вратата, сега возачите на ова возило ќе имаат повеќе место во задниот багажник.
Бидејќи новиот Subaru Forester дебитираше на њујоршкиот саем за автомобили, претставената верзија беше наменета за северноамериканскиот пазар, но сите верзии на овој модел ќе имаат погон на сите 4 тркала.
Американскиот Forester ќе има атмосферски 2,5-литарски мотор со ознака „boxer“ кој ќе развива 182 коњски сили (за разлика од него, претходникот развиваше само 170 коњски сили). Од фабриката тврдат дека просечната потрошувачка на автопат изнесува 7,1 литар на 100 километри.
Поврзани артикли