Samsung ќе продолжи да се обложува на стратегијата со претставување на два паметни телефони од висока класа за една календарска година. Веќе го видовме Galaxy S9, кој е нивни прв предлог во најскапиот ценовен сегмент за 2018-та, а наесен не очекува и премиерата на Galaxy Note 9.
На интермет се појави информација од бенчмарк тестови, кои откриваат повеќе детали за подобрувањата на уредот. Се очекува ова да биде првиот паметен телефон на Samsung кој ќе има вграден сензор за отпечатоци во самиот екран.
Аналитичарите очекуваат тоа да стане следниот голем тренд во индустријата и не е изненадување дека Samsung пројавува интерес кон сличен концепт. Информациите на „ГикБенч“ се поврзани моделот SM-N960U кој работи на верзијата Android 8.1 Oreo, како и со претстојниот Samsung Experience, информира Android Headlines.
Новиот паметен телефон ќе работи со моќниот Snapdragon 845 процесор и барем една од верзиите на пазарот ќе понуди 6 GB РАМ меморија. Galaxy Note 9 ќе ја добие новата верзија на гласовниот асистент со вештачка интeлигенција Bixby и ќе располага со 3.850 милиампер часови батерија.
Потсетуваме дека корејскиот гигант ќе продава на пазарот две верзии на смартфонот, бидејќи едната ќе користи процесор од Exynos серијата на Samsung.
Поврзани артикли