Компанијата Google објави дека отсега Google Maps ќе биде достаоен на нови 39 јазици. Меѓу нив е и македонскиот јазик.
Како што е соопштено, отсега апликацијата ќе биде достапна на следните јазици: хрватски, српски, словенечки, албански, африкански, ерменски, азербејџански, бурмански, чешки, дански, естонски, филипински, фински, грузиски, хебрејски, силандски, индонезиски, казашки, кмерски, кригиски, летонски, литвански, македонски, маајски, монголски, норвешки, персиски, романски, словачки, шведски, свахили, турски, украински, узбекистански, виетнамски, зули и лао
На овие јазици зборуваат вкупно 1,25 милијарди луѓе, со што Google Maps отвара нови пазари. Веќе сега има милијарда активни корисници, кои се и од овие држави, но досега ја користеа на некои други јазици.
Уште претходно најавија и дека ќе направат мапи за лицата со инвалидитет кои ќе содржат страници и рути кои им се прилагодени на инвалидите. Исто така, создадоа и мапа во стилот на Супер Марио.