Фасцинантно и магично место кое лежи стотици метри под Екатерингбург. Рускиот град источно од Москва има своја специфика токму во еден од најспектакуларните рудници за сол. Толку е посебен што го нарекуваат најживописниот на планетава.
Дека не претеруваат, покажуваат и самите фотографии на боите кои се разлеваат во внатрешноста на рудникот. Нијанси кои се движат од жолта до бела до црвена, со сини точки во некои делови. Боите формираат уникатни и оригинални психоделични мотиви, создавајќи речиси хипнотички ефект. Бојата е толку особена и раскошна во пештерата од карналитот, минерал присутен во депозитите на морска сол. Карналитот е карактеристичен по неговата флуоресцентност и по содржината на калиум, толку многу што често се користи и во растителните ѓубрива. Малку изгледа неверојатно дека една ваква комбинација на бои и нијанси не е создадена од човекот, туку од природа, а оние кои досега го посетиле рудникот останале без зборови.
Поврзани артикли