Докажувањето на постоење на вонземски живот е една од најголемите амбиции на човештвото, но никогаш не сме се запрашале дали би било возможно еден вонземјанин да разбере како функционираат Земјата и нејзините жители.
Како што пишува National Geographic, астрономите досега го потврдија постоењето на речиси четири илјади планети надвор од Сончевиот систем, кои би можеле да имаат услови за живот.
Како што технологијата ќе напредува во следните неколку години, така сигурно дека ќе имаме можност да дознаеме повеќе за нив и нивните потенцијални жители.
Секако, ако постојат вонземјани, тоа значи дека се во можност со иста леснотија да не известат за своето постоење, а тоа значи дека прво би требало да ја лоцираат земјата.
Ако астрономите со телескопи воочиле толку планети, дали тоа подразбира дека и тие можат да не воочат нас и како?
Малку потешко, бидејќи нашата планета е поинаква од останатите. Имено, нашето Сонце е стабилно и не емитира толку јаки соларни бури кои би можеле да ја уништат нашата атмосфера. Исто така, Земјата се наоѓа во „вселивата зона“ на ѕвездите, поточно во област во која водата може да остане во течна состојба на површината на планетата.
Кои се други индикатори, кои би можеле да не „издадат“ на вонземјаните?
Друг индикатор е постоењето на кислород на планетата, кој покажува дека постои живот. Кислородот тешко може да биде пронајден, освен ако нешто не го ослободи (На Земјата конкретно, го ослободуваат билки). За вонземските набљудувачи интересно би било постоењето на метан, азот, јаглен диоксид и така натаму.
Вонземјаните со многу јаки телескопи би можеле дури да ја видат и урбанизацијата на планетата, а нашата телекомуникациска активност е исто така прилично очигледна.
Освен пораката која намерно ја емитираме во вселената со помош на летала и различни сигнали, уште една голема трага би можело да биде се поголемото присуство на сателити околу Земјата.
Како би резултирало тоа?
Ако претпоставиме дека вонземјаните се слични на нас, тогаш средба на овие две врсти би бил еден од најважните настани од постоењето на живот на Земјата. Но, колку би бил важен за секојдневниот живот и какво влијание би имал на луѓето, тоа е малку познато.
Можеби дури и средбата на овие две врсти ќе доведе до непријатни изненадувања, а можеби пак вонземјаните не се ниту малку слични на нас за да можат да не разберат.
Извор: Vesti-online / National Geographic
Поврзани артикли