Во близина на плоштадот Пикадили во Лондон е поставен еколошки билборд што го пречистува воздухот со ефикасност на 275 дрвја, јави порталот Wired.
Проектот се нарекува „Сити три“ (Градско дрво), и всушност се работи за високотехнолошки четири-метарски зелен ѕид, којшто содржи 1.682 контејнера со мов. Бактериите во мовта ги апсорбираат загадувачите на воздухот, а мовта ги апсорбира бактериите.
„Вертикалната градина“ има сензори за температура, за загадување на воздухот, влажност на почвата, како и сончеви панели.
Вакви еколошки билборди веќе има во Берлин, Париз, Брисел, Амстердам, Осло, Хонг Конг… Цената на еден ваков прочистувач на воздухот е 22.000 евра.
Поврзани артикли