Нов Huawei уред се појави на кинеската веб-страница на TENAA. Тој е со продукт код NEO-AL00 и според многу набљудувачи ќе се продава под името Mate X.
Според гласини телефонот ќе има процесор Kirin 970, а според информациите на TENAA ќе биде опремен со 6 GB RAM меморија и цели 512 GB меморија за апликации.
Во моментов максималната количина меморија за апликации на кој и да е модел на пазарот е 256 GB, па новиот модел на Huawei барем за некое време ќе биде уникатен во овој поглед.
Како што е познато, само пред неколку месеци Samsung почнаа производство на мемории со таков капацитет и очигледно Huawei се првите клиенти на новиот производ.
Во моментов нема повеќе информации за премиерата на пазарот и цената на паметниот телефон.