Instagram почна да чекори по стапките на Twitter, воведувајќи им на своите корисници уште една можност.
Имено, досега корисниците во делот за биографија можеа да внесуваат линкови и хаштагови. Кога ќе го внесете знакот „@“ или „#“, проследен со текст, ќе се појави линк кој вашите профили ќе ги води на други профили или објави со истиот хаштаг.
Личноста која ќе ја споменете во својот профил ќе добие нотификација. Таа има опција да го избрише својот линк од вашата биографија.
„Тоа е начин од вашиот профил да создадете „дом“ со работи кои најмногу ви значат“, наведува компанијата во своето соопштение.
Оваа опција на Twitter постои од 2016. година, додека на социјалната мрежа Facebook се уште ја нема.
Instagram во последните неколку месеци е фокусиран на хаштаговите и поврзување на корисниците и содржините на тој начин.
Извор: B92.net
Поврзани артикли