Плескавица за вегетаријанци, виршла направена од суви моркови и алги… Ова се дел од најновите футуристички јадења развиени во лабораторијата за истражување и иновации предводена од IKEA.
Лабораторијата Space 10 функционира веќе две години, а стана позната откако на јавноста и го презентираше ќофтето кое ќе се јаде во иднина. Менито кое Space10 го престави на DesignMarch на Исланд вклучува салата и сладолед изработен од лисја одгледувани во вода, плус две нови мешани јадења направени од изненадувачки состојки.
“Во Space10 нашето истражување е вкоренето на важен принцип – садовите не треба да бидат само здрави или одржливи, туку и да бидат вкусни“, објаснува Симон Перез, еден од главните дизајнери на храната на иднината.