Во наредниот период, многу веројатно во наредните две недели, Twitter ќе тргне по стапките на Facebook и Google и ќе ги забрани рекламите за криптовалути, пренесуваат од Sky News.
Во јануари оваа година Facebook ги забрани рекламите и огласите за криптовалути како Bitcoin и Ethereum со цел да ги отстрани од социјалната мрежа сите потенцијални опасни огласувачи, додека Google го направи истиот чекор минатата недела.
Според Sky News, новите правила на Twitter нема да дозволат огласување и рекламирање на криптовалути, како и рекламирање на приватни инвеститори кои лансираат нова криптовалута. Twitter најави дека е можно и суспендирање на поедини профили и корисници од социјалната мрежа, доколку тие работат спротивно на правилата.
Ова не е првиот чекор кој Twitter го презема во борбата против презаситеноста на реклами за криптовалути. Претходно беше најавено дека ќе бидат избришани од мрежата профили кои бараат криптовалути од следачите, додека притоа се претставуваат како славни личности. Ова се случи во неколку наврати претходно.